- Во оваа фаза се случува претворба на еден мол хексоза фосфат во два мола
триоза фосфат, при што фосфорилацијата настанува на сметка на конверзија на ATP во ADP. Во овој степен се
внесува енергија од 2 мола ATP.
- Во почетниот степен на гликолизата, глукозата и другите моносахариди се
подготвуваат за влегување во процесот на разградба, на тој начин што
неутралната молекула на моносахаридот треба да се преведе во енергетско
побогато соединение.
Клетката секогаш работи економично, па и тука сите моносахариди ги
преведува во заедничко соединение, глукоза 6- фосфат.
Хексокиназата е ниско специфичен ензим и затоа може да ги
фосфолира и манозата и фруктозата, галактозата и пентозите на положба 6,
односно 5. реакцијата на хексокиназата е
иреверзибилна и се одвива со потрошувачка на АТР.
хексокиназа
(Mg+2) глукоза
фосфат
изомераза
фруктоза-6-фосфат
бифосфатаза ADP (Mg+2)
фруктоза-1,6-бифосфат
алдолаза
триозофосфат
изомераза
Глукоза-1-фосфат кој се создава од разградба на гликоген, се наоѓа на исто
енергетско ниво како и глукоза-6-фосфат, па затоа глукоза-1-фосфат преминува во
глукоза-6-фосфат, без дополнителна потрошувачка на АТР и под дејство на ензимот фосфоглукомутаза.
- Во втората реакција на гликолизата глукоза-6-фосфат преминува во
фруктоза-6-фосфат. Оваа реакција е катализирана од ензимот глукоза фосфат изомераза. Реакцијата е рверзибилна.
- Третата реакција на гликолизата е слична со првата по тоа што претставува
уште едно место на активација, со потрошувачка на вториот мол АТР. Енергијата
за преведување на фруктоза-6-фосфат во фруктоза-1,6-бифосфат ја дава АТР, а ја
пренесува ензимот фосфофруктокиназа, која како и сите кинази работи во присуство на
двовалентни магнезиумови јони. Од енергетска гледна точка реакцијата е
иреверзибилна, поради промената на енергијата. Ензимот фосфофруктокиназа е алостеричен ензим, кој има битна улога во
регулацијата на гликолизата. Регулацијата на ензимите преку метаболити се
заснова на концептот на алостеричка регулација. Алостеричко значи „друга
структура“. Алостеричните модулатори може да се врзат за друго место, различно
од активниот центар и може да предизвикаат активација или инхибиција.
Ензимот фосфофруктокиназа е
регулиран преку:
·
висока
концентрација на АТР, кој ја инхибира фосфофруктокиназата
·
ниска
концентрација на ADP, кој ја стимулира фосфофруктокиназата
·
висока
концентрација на АМР, кој ја стимулира фосфофруктокиназата
·
висока
концентрација на цитрат, кој ја инхибира фосфофруктокиназата
Според тоа АТР и цитратот се алостерични инхибитори, додека ADP и АМР се алостерички
активатори.
No comments:
Post a Comment